„Ние сме тука за вие да не одите по гробишта како нас“ порача таткото кој загуби син единец во пожарот во „Пулс“

by Fokus

„Немојте да се плашете, не се плашете од смртта, страшен е животот, овој кој го живееме. Како ќе живееме ние сега? 62 деца отидоа, моето дете отиде. Прашајте како живееме ние. Затоа кажувајте сите, да го преплавиме градот“ е пораката што денеска во Кочани на шестиот „Марш на ангелите“ ја испрати таткото кој во пожарот во дискотеката „Пулс“ го загуби синот единец.

„Повикувам на масовност, јас марширам на секој марш, за кого марширам, изгубив едно дете што го имав. Да маршираме за спас за сите деца“ порача тој.

Родителите и денеска упатија порака, дека чекаат одговори и бараат правда.

Побараа одговорност од МВР, како и средба со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Министре Тошковски, сѐ уште ни должите одговор како е можно полицијата да прави акциска контрола кој воопшто не смеел да работи, немал ни лиценца, ни дозвола“ – беше едно од прашањата кои ги прочита мајка на загинато дете во Кочани.

Поврзани новости