186
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, побара одложување на неговото сведочење во долгогодишниот судски процес за корупција, повикувајќи се на актуелната безбедносна состојба во регионот.
Според поднесокот доставен до судот, одбраната навела дека поради „сензитивни безбедносни и дипломатски причини“ поврзани со последните настани на Блискиот Исток, премиерот нема да може да сведочи најмалку две недели.
Судењето, кое започна во 2020 година, се однесува на обвинувања за поткуп, измама и злоупотреба на доверба, а Нетанјаху ги негира сите обвиненија. Процесот повеќепати беше одложуван поради службени обврски и безбедносни околности.