Нема нови случаи на западнонилска треска – последните тестирања негативни

by jadranka 12:51
12:51

Нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска во земјава, а последните суспектни случаи се негативни, информира Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови потврдени случаи, додека примероците од последните лица кај кои постоело сомнение за инфекција биле негативни на PCR-тестирањето.

„Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска“, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека состојбата продолжува внимателно да се следи во координација со надлежните институции, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите нови податоци.

Западнонилската треска најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец, а кај најголем дел од заразените лица поминува со благи симптоми или без симптоми.

Слични вести