Во преговорите за договор за прекин на војната со Иран уште нема пробив.
Средбата за разгледување на ситуацијата во Белата куќа заврши без резултати, иако американскиот претседател Доналд Трамп имаше спротивни најави.
Имено, состанокот за војната меѓу САД и Иран во Белата куќа заврши без одлука од Трамп, кој заминал по два часа.
Тој претходно на својата платформа Трут соушл најави „конечна одлука“ во врска со преговорите со Иран.
-Претседателот Трамп ќе склучи само договор кој е добар за Америка и одговара на неговите црвени линии – изјави претставник на Белата куќа по состанокот, додавајќи дека Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје.
САД и Иран интензивно преговараат за договор за прекин на конфликтот со денови.
Според извештаите, договорот бил блиску до постигнување.