184
Двајца фудбалски судии физички нападнати по завршување на фудбалски натпревар во саботата во службени простории на стадион во Кисела Вода.
Како што се наведува во полицискиот билтен, на 14.03.2026 во 14:07 часoт во СВР Скопје било пријавено дека во службени простории на стадион на подрачјето на Кисела Вода, по завршување на фудбалски натпревар помеѓу ФК „Кул“ и ФК „Кожуф“, двајца фудбалски судии биле физички нападнати од Р.Ц.(57) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.