Намалување на бројот на трудови – усвоени се дел од забелешките за Законот за високо образование

by vlatko 21:33
21:33

По одржани пет јавни расправи на државните универзитети, МОН прифати низа забелешки за новиот Закон за образование, меѓу кои намалување на бројот трудови во научни списанија пред одбрана на магистерки и докторски труд. За останатите барања кои се дискутабилни, работната група повторно ќе се состане и ќе одлучи што со нив.

Министерката Весна Јаневска вели дека новиот закон за високо образование нема да биде повлечен.

-Законот навистина нема потреба да се повлече затоа што секое повлекување и одлагање на ова законско решение е на штета на високото образование во земјата, а тоа значи дека е на штета на студентите и младите луѓе – изјави Јаневска.

Слични вести