Најавен концерт на Калиопи во Скопје: Ќе биде уникатно уметничко доживување, различно од се што сме слушнале досега!

by irena 10:54
10:54

По минатогодишниот спектакл пред преполната арена „Борис Трајковски“, македонската музичка дива Калиопи, повторно ќе настапи пред домашната публика, овојпат во ексклузивна, unplugged верзија ,,100% live”, на 14-ти ноември 2025 година, во салата на Македонска филхармонија во Скопје.

Настанот е во организација на „Прагма продукција“ и истиот е замислен како интимно и длабоко музичко искуство, целосно фокусирано на уметноста, зборот и емоцијата што Калиопи ја носи со секој здив, информираат од организацијата на концертот.

-Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика. Секоја нота, секој стих, секој молк ќе има своја тежина.

Со поддршка од нејзиниот бенд, составен од врвни музичари и со внимателно изграден аранжман, концертот во Филхармонија ќе биде уникатно уметничко доживување, различно од се што сме слушнале досега, истакнаа организаторите.

Додаваат дека бројот на места е ограничен, а интересот за концертот најавен како доживување за сите љубители на вистинската музика, интимно, автентично и незаборавно, бил огромен.

Вики КЛИНЧАРОВА

Слични вести