Надгробен споменик усмрти четиригодишно момче во Англија

by irena 11:25
11:25

Четиригодишно момче почина откако надгробен споменик падна врз него на гробишта во англискиот град Хаслингден, соопшти полицијата.

Несреќата се случила вчера околу 13 часот по локално време на гробиштата Ротенстал на патот Бернли.

Момчето претрпело смртоносни повреди, а брзата помош што веднаш пристигнала на местото на настанот не можела да го спаси, соопшти полицијата на округот Ланкашир.

„И покрај напорите на службите за итни случаи, момчето за жал починало. Ова е длабоко трагичен настан и нашите мисли се со неговите најблиски во ова тешко време“, изјави портпаролот на полицијата.

Додадено е дека смртта не се смета за сомнителна и дека случајот ќе биде проследен во согласност со постапката.

Слични вести