Над 7 милиони долари заработија Меси, Роналдо, Мбапе и Винисиус од рекламата за Лего

by irena 18:14
18:14

Најголемите фудбалски ѕвезди Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе глумеа во реклама за Лего коцки, која промовира сетови направени по повод Светското првенство.

Рекламата стана хит на интернет.

На неа се прикажани четворица фудбалери на иста маса, како редат Лего коцки.

Сепак, вистината е дека во ниту еден момент четворицата не биле заедно во собата, туку снимките биле снимени посебно, па подоцна монтирани.

Без оглед на тоа, Лего инвестираше околу осум милиони долари во оваа кампања, пишува beIn Sports и наведува колку заработиле некои од фудбалерите од неа.

Кристијано Роналдо добил 3,5 милиони долари, Меси 2,6 милиони, Мбапе 850 илјади, а Винисиус 325 илјади.

Разликите во надоместоците се базираат на бројот на следбеници на Инстаграм.

Слични вести