МВР информира дека вчера околу 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(74) од Охрид, удрило во пешакот Р.К.(70) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
По наредба на jавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Неколку часа подоцна, околу 18:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул. „8 Септември“ во Велес, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(62) од Велес, удрило во пешакот Б.Ј.(81) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Ј., констатирани во Општата болница Велес.
По наредба на jавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.
По еден час, во 19:15 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, патничко возило „рено“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(66) од Пехчево, удрило во пешакот С.М.(52) од с.Чифлик, пехчевско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.