Додека бил на затворско отсуство, го фатија со околу 400 таблети опиоиден лек за болка

by irena 14:42
14:42

МВР информира дека вчера во с. Скачковце, кумановско, полициски службеници ги лишија од слобода Ј.С.(45) и М.М.(29), двајцата од Свети Николе.

При контрола на патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.С., а сопатник бил М.М., кај М.М. се пронајдени и одземени 14 кутии или 392 таблети бупренорфин – опиоиден лек за болка.

При преземање мерки утврдено е дека М.М. издржувал затворска казна во Казнено – поправната установа Затвор Штип и дента бил пуштен на седумчасовно отсуство.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести