192
МВР информира дека вчера во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од негов познаник А.Х..
Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото возило „бмв“, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар.
Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28. овој месец се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во с. Слатино.
Исто така, според пријавеното, тој го пронашол возилото оштетено во отпадот и сопственикот му кажал дека го купил од механичарот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.