На погребот на Ратко Младиќ присуствувале 16.000 луѓе

by irena 08:45
08:45

Архивот за јавни собири објави проценка за бројот на луѓе присутни на погребот на Ратко Младиќ вчера, на 7 септември.

Според Архивот, на погребот на Младиќ присуствувале 16.000 луѓе.

„Проценката е направена преку броење на луѓето на видеоснимката направена меѓу 11:00 и 14:00 часот, на точката каде што минуваше поворката“, соопштија од Архивот.

Ратко Младиќ, поранешниот командант на Војската на Република Српска, кој почина во Хаг додека ја издржуваше казната доживотен затвор, беше погребан на белградските гробишта „Топчидер“.

Ратко Младиќ почина на 27 август на 84-годишна возраст, во затворската болница во Хаг.

Слични вести