65
МВР информира дека вчера рано наутро во 06:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на пешачки премин на бул. „1 Мај“ во Битола, патничко возило „лада“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 70-годишниот П.Ш. од Битола, удрило во 59-годишната М.М. од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.М., констатирани во болницата во Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.