На екс градоначалникот Љупчо Папазов не треба да му биде укинат куќниот притвор – тврдат од Обвинителство

by irena 11:32
11:32

Јавното обвинителство смета дека на екс градоначалникот на Кочани – Љупчо Папазов, не треба да му биде заменет куќниот притвор со мерки за претпазливост, како што пред неколку рочишта побара неговата одбрана.

„Јавното обвинителство во оваа фаза од постапката смета дека нема околности поради кои може да се укине мерката куќен притвор и да се замени со мерки за претпазливост. Затоа Обвинителството смета дека треба да се одбие барањето за замена на куќниот притвор со мерки за претпазливост”, рече обвинителот Борче Јанев.

Судијката Груевска-Илиевска рече дека по однос на барањето, Судот ќе се произнесе на наредното рочиште.

Инаку, Папазов беше градоначалникот во чиј мандат се случи пожарот во „Пулс“.

Слични вести