0
Голема гужва се создаде утрово на граничниот премин „Богородица“, каде што за излез од Македонија и влез во Грција се чека и до еден час.
Со оглед на претстојниот викенд, зголемен е бројот на возила со македонски регистарски таблички кои чекаат на пасошка контрола.
Снимките од безбедносните камери на граничниот премин покажуваат дека од минута во минута се зголемува метежот.
Очекувањата се дека гужвата дополнително ќе се интензивира во текот на денот, бидејќи многу граѓани го користат викендот за патување кон Грција.