164
Вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу лишените од слобода и неколку други лица од една страна и А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. (45) од друга страна.
Сите тие претходно биле во угостителскиот објект.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Вчера во центарот на Скопје се случи масовна тепачка. Според првичните информации, на местото на инцидентот интервенирале повеќе полициски патроли поради нарушување на јавниот ред и мир.