МВР предупредува на измами на повозрасни лица – наседнуваат на имитација на глас

by irena 11:55
11:55

Во изминатиот период во ОВР Кочани граѓаните пријавиле повеќе кривични дела „измама” кои се извршени врз повозрасни лица.

Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни блиски кои, наводно, предизвикале сообраќајна несреќа со смртни последици, информира СВР Штип.

МВР алармира за зачестени измами преку телефон, при кои измамници го имитираат гласот на член од семејството, пријател или претставник на некоја институција и бараат пари, лозинки или лични информации.

Според известувањето на МВР, новиот вид на телефонска измама наречен „spoofing“ подразбира измамникот да користи туѓ телефонски број, а со помош на вештачка интелигенција да го реплицира гласот на позната личност.

На овој начин, жртвата мисли дека комуницира со своја блиска личност или доверлива институција.

Надлежните апелираат, ако се сомневате дека станува збор за ваков повик, веднаш прекинете го разговорот и повикајте ја личноста на бројот кој го имате зачувано.

Никогаш не носете одлуки под притисок и не споделувајте важни или тајни податоци.

Ако посомневате дека станува збор за измама, веднаш информирајте ја полицијата.

Слични вести