Жена ограби куќа во гостиварско, им собра злато вредно 9.000 евра

by irena 11:41
11:41

МВР информира дека вчера во 10:00 часот во с. Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишија од слобода М.С.(45) од с. Калиште, гостиварско.

Таа се сомничи дека претходно истиот ден извршила кражба во куќа во с. Градец, сопственост на Х.А.(49) од с. Градец, при што одзела златен накит во вредност од околу 9.000 евра.

Одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а М.С. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Слични вести