Уапсен е охриѓанец – агресивно се однесувал кон членови на семејството

by irena 11:58
11:58

МВР информира дека вчера претпладне во 09:50 часот, на улицата „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 53-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Слични вести