Муцунски: Жалам што актуелната бугарска влада влегува во рускиот наратив за дестабилизација на регионот

by Fokus

Жалам што актуелната бугарска влада, а и бугарските европратеници, со своето дејствување, она што го гледаме во Брисел, влегуваат во рускиот наратив за дестабилизација на регионот. Стабилноста на Западен Балкан најлесно ќе се обезбеди преку извесна европска интеграција на целиот регион, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Во изјава за ТВ Канал 5 во Хаг, во коментар за oднесувањето на официјална Софија во контекст на евроинтеграциите на државата нагласи дека дијалогот останува единствениот пат кон стабилизација на Западен Балкан.

Според Муцунски, постапките на Бугарија во последните недели и месеци се дел од наратив чија цел е дестабилизација на Балканот.

– Како можеме да ги надминеме предизвиците и да работиме за стабилизација на Западен Балкан? Секако, преку дијалог, рече Муцунски.

Поврзани новости