Муцунски: Некои од мерките од реформската агенда за членство на Македонија во ЕУ се и предвреме исполнети

by jadranka 19:53
19:53

екои од мерките кои се од реформската агенда за членство на Македонија во ЕУ се и предвреме исполнети, изјави министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, во одговор на новинарско прашање.

-Ние имаме добиено значителна сума на средства и очекуваме да имаме и дополнителен период за мерки кои престојат. За некои мерки би истакнал, одредени мерки кои се во надлежност на МОН, предвреме се реализирани, изјави Муцунски.

Тој објасни дека за последниот извештаен период за реформите што ги спровела државата, од она што неформално е споделено со нив е дека впечатоците се позитивни.

-За последниот извештаен период има позитивни впечатоци за тоа што го има постигнато државата во делот на реформите, кои се од европската агенда и високо сме позиционирани во регионот. Амбизиозно работиме и за следниот извештаен период да бидеме одлично позиционирани, изјави Муцунски.

Додаде дека тоа се гледа не само од тоа што работи Владата туку и од законите кои се носат во Собранието, подзаконските акти и другите постапки во институциите, кои имаат обврски во делот на реформите.

-Во делот за реформската агенда може да има од секоја страна. На крајот на денот, резултатите се тие кои даваат најсилен фокус дали е нешто постигнато или не, изјави Муцунски.

Слични вести