Муцунски ја пречека еврокомесарката Кос во Скопје

by irena 15:48
15:48

Во пресрет на утрешниот Самит на лидерите од Западен Балкан, имав чест попладнево да ја пречекам на скопскиот аеродром еврокомесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на Фејсбук.


„Евроинтеграциите не се само декларативна заложба, туку и јасна стратешка определба на Владата. Пред нас е исполнета агенда – денеска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствариме средба со еврокомесарката. Утре, на состанокот на лидерите од ЕУ и Западен Балкан, фокусот ќе биде ставен на Планот за раст, реформската агенда, како и на предизвиците со кои се соочуваат нашата држава и регионот на патот кон полноправно членство во Европската унија“ стои во постот на Муцунски.

Инаку, еврокомесарката во Скопје во рамки на дводневната посета ќе оствари средба со лидерите на земјите од Западен Балкан.

 

Слични вести