Моторџија од Србија е тешко повреден во Македонија

by irena 18:35
18:35

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, М.М.(43) од Република Србија, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со српски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градксата општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.

Слични вести