Момче (15) во Британија е обвинето за убиство на 9 годишно девојче

by irena 17:40
17:40

Петнаесетгодишник се појави на суд обвинет за убиство на 9 годишната Арија Торп во британски Вестон-супер-Мер.

Девојчето почина завчера како резултат на една убодна рана, во својот дом, потврди полицијата, пишува Скај њуз.

Итните служби беа повикани пред три дена, околу 18:00 часот, на адресата на улицата Лајм Клоуз, но за жал девојчето не беше спасено и беше прогласено за мртво на местото на настанот.

Петнаесетгодишникот, чиј идентитет не е објавен поради неговата возраст, денес се појави во Судот за прекршоци во Бристол.

За време на краткото рочиште, тој потврди само кои се неговото име, адреса и датум на раѓање.

Тој беше задржан во притвор во малолетничка установа во исчекување на рочиштето во Крунскиот суд во Бристол, закажано за задутре.

Деталите за случајот сè уште не се познати.

На местото на смртта на Арија сè уште е поставен полициски кордон, а форензичките експерти ја продолжуваат истрагата. Мештаните оставаат цвеќе и пораки пред кордонот во спомен на починатото девојче.

Надзорникот Џен Еплфорд од полицијата во Ејвон и Сомерсет изјави дека локалната заедница е длабоко потресена и дека семејството на починатото девојче ја добива целата потребна поддршка.

Слични вести