Младеновска: Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

by vlatko 12:07
12:07

На денешната прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, побара оставка од министерот за здравство Сашо Клековски, оценувајќи дека неговата изјава оти „црвените светла“ во Гостивар се запалиле предоцна претставува признание дека институциите задоцниле со реакцијата.

Младеновска изјави дека признанието ја потврдува одговорноста на Владата за состојбата во Гостивар, каде што, како што наведе, повеќе од 4.000 граѓани побарале лекарска помош.

Според неа, реакцијата на надлежните институции била задоцнета, а жителите на Гостивар со денови користеле загадена вода.

Таа го отвори и прашањето за квалитетот на водата во Болницата за белодробни заболувања во Лешок, велејќи дека анализата ја изработил Центарот за јавно здравје-Тетово и резултатите биле доставени до Министерството за здравство и до Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Дали надлежните институции постапиле по добиените резултати, дали биле известени пациентите и персоналот и дали биле преземени мерки за нивна заштита – праша Младеновска.

Слични вести