Новиот јавен обвинител Ненад Савески да ги извади сите предмети кои изминативе години се чувале во фиока и да анализира да се види дали има основано сомнение дека има организиран криминал, порача премиерот Христијан Мицкоски од седницата за пратенички прашања. Tој очекува и одговори за предмети од времето на СЈО, повторно споменувајќи го случајот со „Бонусите на СЈО“.
-Од извештаите на ДЗР може да заклучиме дека во тие институции има сторено криминал, зошто тоа не е истражено не знам, се надевам дека новиот јавен обвинител ќе спроведе детална анализа. Лично очекувам уште две работи кои се многу важни за иднината на државата. Ако не ја откриеме вистината за тие две работи, ќе продолжиме да живееме во илузија. Прво, како волшебно затвореникот Катица Јанева предметите ги достави во судската пракса додека била во затвор. Јас нема да се смирам ако не добијам одговар како Катица повторно ги оживеа овие предмети. Ако сакаме правна држава мора да знаеме по кој закон и како Катица од затвор овие предмети ги актуелизира заедно со тогашниот државен јавен обвинител. Второ, како им се судеше на група луѓе за тероризам и врз основа на кои докази? Како се изнудуваа изјави од заштиетените сведоци и трето, за колкави бонуси станува збор за обвинителите од СЈО и зошто се плашат овој предмет да влезе во фаза на истрага, ако се невини нема од што да се плашат. Во име на вистината и владеењето на правото јавноста мора да ја дознае вистината се друго е дневна борба против крминалот и корупцијата. Очекувам новиот јавен обвинител да излезе со јасна информација во јавноста, значи – ден тој и тој, тоа се случило – ако тоа не го направи ќе продолжиме да живееме во држава во која една група ќе биде повластена а другите ќе живеат во очај дека правдата не важи за сите. Јавно упатувам апел до него без разлика за кого и да има сомнение за криминал, и за член од Владата, да отвори истрага и да ја истурка до крај. Не смее да има повластени- порача Мицкоски.