„Негова цел е да привлече внимание од ВМРО-ДПМНЕ, не само негова туку и на тие околу него. Мислам дека и вие медиумите ќе треба што помалку внимание да им посветувате на ваквиот тип на изјави. Бидејќи не само што тоа нема да се случи, туку не треба да дозволиме од овие политичари коишто припаѓаат на минатиот век и на минатото, да не привлекуваат внимание, ние како ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател на владата едноставно ќе ги игнорирам бидејќи не заслужуваат никаков коментар овие изјави“.
Ова меѓу другото го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со ставот на Али Ахмети дека „ако Македонија не го продолжи својот пат кон ЕУ, граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да се приклучат кон Албанија, а некои кон Бугарија“.