Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа од Тетово му испратил порака на премиерот Христијан Мицкоски, во однос на евроинтеграциите на земјава. Ахмети рекол дека ако Македонија не го продолжи својот пат кон ЕУ, граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да се приклучат кон Албанија, а некои кон Бугарија.
„Затоа, не ги хранете нашите сограѓани со омраза бидејќи не се Албанците тие што ќе ја преземат државата, ниту Албанија ниту Бугарија. И Албанија и Бугарија се во ЕУ, каде ќе бидеме ние?“, порачал Ахмети на отворање на изборен штаб.
Според лидерот на ДУИ, постои голема мобилизација на гласачи и, како што вели, тоа е доказ дека Албанците се обединети, решени и подготвени да го бранат достоинството, еднаквоста и европската иднина на земјата.