Мицкоски го впери прстот во Пендаровски за кривична одговорност

by jadranka 13:30
13:30

Уредбите на поранешниот претседател Стево Пендаровски во време на пандемијата на короната може да биле спротивни на Уставот и законите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека од уредбите донесени во периодот на вонредна состојба сѐ уште не се разгледани и усвоени од Собранието на Македонија. Според него, токму Собранието треба да се произнесе за нивната уставност и законитост, за да се утврди дали постои евентуална одговорност.

Мицкоски истакна дека во јавноста постојат сериозни сомневања оти одлуките донесени од Пендаровски во тој период биле спротивни на Уставот и законите, што, доколку се потврди, отвора прашање за институционална и кривична одговорност. Тој нагласи дека сега останува да се види дали обвинителството ќе реагира и ќе отвори постапка по овие наводи.

Премиерот денеска не сакаше директно да коментира за тврдењата на кардиохирургот Жан Митрев, според кои поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче вршеле притисок врз него за да му биде одземена неговата клиника. Како што посочи, ќе чекал постапување од Јавното обвинителство по допрен глас.

Слични вести