Поранешниот директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Хаким Рамадани и кандидат за градоначалник на Брвеница, кој беше разрешен од функцијата по политички несогласувања со премиерот Христијан Мицкоски, е ангажиран во Општина Чаир.

-Дали ви текнува на кандидатот за градоначалник на Брвеница кој се претставуваше како „голем Албанец“ кој ќе ја „ослободи“ општината, па влезе во кавга и со премиерот? Истиот беше директор, па откако не стана градоначалник беше разрешен и изјави дека ќе бара работа во приватниот сектор. Ете го – сега е на платен список во Општина Чаир – напиша аналитичарот Ујмер Мухамеди на социјалните мрежи.
Рамадани беше разрешен по изборите во Брвеница, откако неговите политички настапи и изјави предизвикаа реакции во владината коалиција, особено поради реториката и соработката со спротивставени политички структури.
По разрешувањето, Рамадани изјави дека ќе се повлече од јавните функции и ќе бара ангажман во приватниот сектор.