163
Потпретседателот на ВМРО–ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денеска потврди дека за претстојниот 18. Конгрес на партијата е поднесена само една кандидатура – онаа на актуелниот претседател, проф. д-р Христијан Мицкоски.
„Единствениот предложен кандидат е професор доктор Христијан Мицкоски“, изјави Мисајловски, нагласувајќи дека партијата со јасно дефинирана поддршка влегува во изборниот процес.
Со ова, Мицкоски извесно е дека ќе го обезбеди својот трет мандат на чело на ВМРО–ДПМНЕ – кој, согласно правилата на партијата, би бил и негов последен.