151
Добивме градоначалници во првиот круг во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, на прагот сме на убедлива победа во Струмица, Орце води убедливо за Скопје, рече предмалку на прес-конференција Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Разликата е толку голема што нема просор за алиби со кое СДСМ сака да се оправда за изборниот дебакал. Што се однесува до ДУИ, очигледно е дека се декласирани – рече Мисајловски, додавајќи дека победата на ВМРО-ДПМНЕ е резултат на посветеност.