Мециновиќ: Славески тврди дека еспресо е 50 денари во Скопје

by Fokus

Портпаролот на Левица и пратеник, Амар Мециновиќ вели дека загрижувачки се изјавите на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески кој што истакнал дека во Македонија има поголема куповна моќ од десетици европски држави.

-Тоа е срам и беда бидејќи во таа логика веруваат само десничарите кои имаат фирми и интерес за профит од економското живеење во Македонија. Тоа се изјави во кои можеби верувате и одговараат на отуѓената елита која владее во Македонија. Нашиот работник утре да има прилика би заминал од овде за било која од тие европски земји кои Славески ги набројува. Вели дека еспресо било 50 денари во Скопје…Сигурно…И гувернер да говори за тоа колку чини кафето е резултат на тоа што вие го изгласавте, почитувани десничари, рече Мециновиќ.

Денес пред пратениците во Собранието ќе се најдат два исклучително важни Предлог-закони поднесени од пратеничката група на Левица за кои сметаат дека се од круцијално значење за работничката класа и за достоинството на државата: Предлог-законот за зголемување на минималната плата на 30.000 денари и Предлог-законот за формирање Инспекторат за државни инсигнии.

Поврзани новости