Италијанската премиерка додаде дека е важно НАТО да го зголеми своето присуство во арктичкиот регион и дека ја разбира загриженоста на САД за потребата да се спречи прекумерно мешање од други актери кои би можеле да бидат непријателски настроени.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека не верува оти Соединетите Американски Држави (САД) ќе употребат воена сила за анексија на Гренланд и предупреди дека таков потег би имал сериозни последици за НАТО.
На традиционалната новогодишна прес-конференција Мелони додаде дека е потребно сериозни и значајно присуство на НАТО во арктичкиот регион, вклучително и на Гренланд, полуавтономна територија која е дел од Кралството Данска.
„Сè уште не верувам во хипотезата дека САД би започнале воена акција за преземање контрола врз Гренланд, опција што очигледно не би ја поддржала. Верувам дека тоа не би било во ничиј интерес. Мислам дека тоа не би било во интерес ниту на Соединетите Американски Држави, да бидеме јасни“, рече италијанската премиерка, пренесе ХРТ.
Операцијата на американската војска во која беше соборен претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, повторно предизвика загриженост за намерите на САД кон Гренланд откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека островот му е очајно потребен. Белата куќа во вторникот соопшти дека Трамп и неговите советници разгледуваат неколку опции за преземање на островот од Данска, вклучително и употреба на воена сила.
Следниот ден, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека САД работат на можноста за купување на Гренланд од Данска.
Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата изјави дека следната недела ќе разговара со властите во Копенхаген за прашањето што го отвори претседателот Трамп.
Претходно владата на Гренланд соопшти дека побарала од американскиот Стејт департмент итен состанок со државниот секретар Марко Рубио, министерката за надворешни работи и истражување на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, и данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, за да разговараат околу аспирациите на САД за присвојување на островот.