Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром

by vlatko 09:27
09:27

Рано утринава, околу 2:50 минути, до Единицата за информирање и командување при Министерството за внатрешни работи е пристигната дојава за експлозивна направа во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје.

Согласно процедурите за постапување, аеродромските служби на Меѓународен аеродром Скопје, како и сите релевантни служби и институции при МВР, беа веднаш известени и активирани беа сите планови и процедури за постапување при вакви настани.

Единици на МВР во координација со Одделот за обезбедување на ТАВ Македонија веднаш ги презедоа сите неопходни мерки и проверки и утврдија дека заканата е лажна.

Слични вести