Медведев со остра порака за граѓаните на ЕУ: „Заврши мирниот сон“

by irena 18:00
18:00

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев испрати остра порака до граѓаните на Европската Унија, тврдејќи дека нивните влади еднострано влегле во војна со Русија.

„Граѓани на земјите од ЕУ, мора да разберете дека вашите власти еднострано влегоа во војна со Русија. Затоа, бидете внимателни и не дозволувајте ништо да ве изненади. Заврши мирниот сон и вие знаете кого да прашате зошто!“, објавил Медведев.

Пораката на Медведев доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Русија и НАТО, откако руски дрон удри во станбена зграда во романскиот град Галати, недалеку од границата со Украина, во текот на ноќта. Во експлозијата и пожарот што следеше, 52-годишна жена и нејзиното 14-годишно дете биле повредени, а 70 жители биле евакуирани од зградата. Романските власти објавија дека станува збор за дрон од типот Геран-2 со руско потекло и го опишаа инцидентот како сериозно кршење на романскиот суверенитет и воздушен простор.

Слични вести