Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, го усвои Предлог-законот за правична и соодветна застапеност. Овој предлог-закон претставува историски момент, бидејќи по првпат правичната и соодветна застапеност, како уставна категорија од 2001 година, добива јасно и целосно законско решение, соопшти првиот заменик на претседателот на Владата, г. Изет Меџити.
„Иако ова прашање требаше да биде регулирано со закон уште во 2003 година, повеќе од две децении остана заложник на политичката волја. Предлог-законот гарантира:
Еднаква пристапност во вработување и унапредување во јавната администрација;
Правична и соодветна застапеност на сите заедници во јавните институции, но и обезбедување вработувањето и унапредувањето да се вршат врз основа на заслуги и квалификации на секој поединец.
Создавање институционални и процедурни механизми за избегнување на дискриминацијата и за зајакнување на инклузивноста“, изјви Меџити и додаде:
„Овој, иако задоцнет, но неопходен чекор, конечно ја тргнува застапеноста од влијанието на дневната политика и го прави законско право за секој граѓанин, без оглед на етничката припадност. Усвојувањето на овој предлог-закон е доказ дека кога постои искрена политичка волја, резултатите не изостануваат. Со оваа одлука, владата испраќа јасна порака за изградба на пофункционална, пофер и вистински претставничка јавна администрација“.