Мечка нападна 41-годишник кој собираше печурки во ресенско Курбиново

by irena 14:45
14:45

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19.50 часот евидентирале пријава за напад на маж од ресенско од мечка.

Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41), жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка.

Веднаш по нападот, Н.И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница.

Слични вести