130
Италијанските медиуми пишуваат за страшна сообраќајна несреќа во која животот го загубил маж со потекло од Гостивар.
Според италијанскиот портал Il Resto del Carino, се работи за 44-годишниот Ф.Х., 44-годишен маж со потекло од Гостивар, кој живеел во Бацано, Италија.
Тој возел со својот скутер на 2 јуни, а нешто по десет часот, од причини што сè уште се истражуваат, изгубил контрола над возилото додека се движел по улицата Виа Палацето, во подрачјето Стиоре, при што одеднаш излетал од коловозот и силно се забил во канал покрај патот.
Според друг италијански медиум, и покрај напорите на Брзата помош, гостиварчанецот им подлегнал на повредите.
На социјалните мрежи многу пријатели и роднини се простуваат од него.