197
Вчера во главниот град на Унгарија, Будимпешта се одржа масовна Парада на гордоста, една од најголемите досега, и покрај тоа што истата беше забранета од властите.
На Парадата освен од Унгарија имаше и учесници од бројни други земји, подршка дадоа над 30 амбасади во земјата, бројни европратеници…
Парадата беше забранета од полицијата, поради Законот за заштита на децата, кој беше донесен од Парламентот во март, со кој се ограничуваат собири на кои се промовира хомосексуалноста.
Организаторите на Budapest Pride велат дека ваквата видливост и солидарност испратија јасна порака – и до Унгарија и до Европа – дека правото на љубов, идентитет и изразување не може да биде ставено под државна контрола.