126
МВР информира дека вчера претпладне во 11:00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани, мотоцикл „хамачи“ со кочански регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с. Грдовци, кочанско, удрил во 74-годишната П.Л. од Кочани.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.Л., а со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.