3
Двете девојчиња, на возраст од 13 и 14 години вчера излегле од дома и не се вратиле.
Тринаесетгодишно девојче го нема од вчера, од 08:00 часот. Таткото, Р.Ј.(39) со привремен престој во село Стари Град, општина Чашка, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.Ј.(13). Тој се сомнева дека е со лицето А.К. од село Гостиражни, општина Долнени.
Попладнето, во 17:30 часот А.Е.(46) од Велес пријавила дека се оддалечила нејзината ќерка М.Е.(14). Мајката се сомнева дека девојчето е со лицето С.У.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на двете девојчиња.