225
Францускиот претседател Емануел Макрон во средата изјави дека воените капацитети на Иран се ослабени, но не се „нулирани“ од нападите на САД и Израел.
„Воените балистички капацитети на Иран веќе се значително оштетени, но тој продолжува да напаѓа неколку земји во регионот и затоа неговите капацитети не се намалени на нула“, рече тој по видео повик со лидерите на Г7.
Тој додаде дека му препушта на американскиот претседател Доналд Трамп да „разјасни своите крајни цели и темпото што сака да го постави за операциите“, пренесува АФП.