Макрон најави радикален чекор – забрана за користење социјални мрежи за помлади од 15 години

by irena 22:03
22:03

Францускиот претседател Емануел Макрон најави радикален чекор, Рече дека Владата ќе покрене забрзана законска постапка за воведување забрана за користење социјални мрежи за сите лица помлади од 15 години. Се очекува мерката да стапи на сила уште од следната учебна година.

Макрон соопшти дека лично побарал од Владата законот да биде разгледуван по итна постапка во парламентот, што значи значително скратени рокови и брзо усвојување.

Тој нагласи дека ова е негова јасна и јавно преземена политичка обврска, насочена кон заштита на децата од штетните влијанија на дигиталната средина.

„Забрануваме користење на социјални мрежи за деца под 15 години и воведуваме целосна забрана за мобилни телефони во средните училишта. Ова правило е јасно и недвосмислено – за тинејџерите, за родителите и за наставниците“ – порача Макрон.

Посочи дека дигиталните платформи не смеат да имаат неограничен пристап до вниманието и психолошкиот развој на децата, потенцирајќи дека нивните мозоци, емоции и ранливост не смеат да бидат предмет на трговија и профит.

Особено силна загриженост изрази за влијанието на странските дигитални платформи и нивните алгоритми, за кои оцени дека сè почесто манипулираат со младите корисници, обликувајќи ги нивните ставови, навики и однесување без соодветна контрола.

Слични вести