218
Македонската фудбалска репрезентација во новата сезона од Лигата на нации ќе игра во групата од 1 од Б сегментот против Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Нашите најдобри фудбалери добија неатрактивни, но квалитетни противници.
Од овие трите селекции, само против Швајцарија немаме играно никогаш, додека со Шкотите и Словенците имаме низа меѓусебни дуели претходните години.
Натпреварите од групната фаза започнуваат во септември и ќе траат до ноември оваа година, додека евентуално разигрување за повисок или понизок ранг на распоредот е во март 2027 година.