8
Македонската фудбалска репрезентација стигна до минимален, но многу важен триумф од 0-1 против Казахстан во четвртиот меч од квалификациите за Светското првенство во САД 2026.
Во 33.минута, Аце Трајковски со волеј удар погоди во спротивниот агол од голот на Казахстан.
Македонија е лидер во групата со осум бода и си ги зголеми шансите за историски пласман на Светското првенство во 2026 година.