7
Правдата е задоволена. Македонија заслужи победа а освои бод против Белгија 1-1.
Две стативи на Елмас и Алиоски, две ВАР ситуации и помоша од судијата Каванаг беа премногу.
Македонија играше одлично на овој натпревар. Бевме рамноправни, а на моменти и подобри од Белгијанците кои не ја оправдаа фаворитската улога.