Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министри и градоначалници вечерва беа дел од прославата по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и САД. Настанот го организираше Амбасадата на САД во земјава заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
„Од 1995 година, кога ги формализиравме билатералните односи, заедно покажавме дека со доверба, решителност и соработка можат да се постигнат слобода, безбедност и просперитет. Ова јубилејно одбележување е потврда дека партнерството меѓу Македонија и САД е силно, стабилно и насочено кон иднината исполнета со развој и нови можности. Пријателството со САД е мост кон сигурна и просперитетна иднина за Македонија“, напиша Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје.