Маѓар добивал сигнали дека нешто ќе се случи со гасоводот во Србија, бара оставка од Орбан

by irena 19:10
19:10

Петер Маѓар – лидерот на унгарската опозиција рече дека во претходниот период добил информации дека нешто „случајно“ ќе се случи на гасоводот во Србија за Велигден.

Тој му порача на премиерот на Унгарија – Виктор Орбан дека нема да може да ги спречи изборите што треба да се одржат следната недела. Маѓар рече дека со недели добивал „сигнали од неколку места дека, по претходните неуспешни операции под лажно знаме, поради падот на поддршката за Фидес, Орбан сака да премине нова граница со помош на Србија и Русија“.

„Неколку од нив јавно посочија дека нешто ‘случајно’ ќе се случи во Србија, на гасоводот, за време на Велигден, една недела пред унгарските избори. Така се случи. Го повикувам премиерот без одлагање да ме информира за развојот на настаните и да ме покани на состанокот на Советот за одбрана“ – напиша Маѓар на Фејсбук и побара Орбан да си поднесе оставка.

Инаку, денеска претседателот на Србија – Александар Вучиќ, соопшти дека експлозив со голема разорна моќ е пронајден во Војводина во близина на гасоводот „Балкански тек“. Експлозивот бил пронајден во рамките на истрага поврзана со загрозување на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.

Слични вести